24фудбал

„За малку ќе го убиев Абрамович, каква вест ќе беше тоа!“ - поранешен играч на Челси раскажа неверојатна случка

Пет Невин, кој во осумдесетите пет сезони беше дел од Челси, раскажа неверојатна случка од пред неколку години и како малку фалело да го прегази и убие сопственикот на „сините“ Роман Абрамович.

Англија

Роман Абрамович за малку ќе настрадал возејќи велосипед на шкотскиот остров Аран. Ова го откри Пет Невин, кој пет сезони беше дел од Челси во осумдесетите.

Во разговор со БиБиСи, Шкотот раскажа како пред три години во последен момент направил маневар и избегнал судар со рускиот милијардер и сопственик на „сините“.

„Пред околу три години бев на одмор во Аран и возев по северната страна. Кога одите на одмор таму, секогаш возите по целиот остров. Таман кога се искачив на врвот пред Локранза (село на островот) на една кривина за малку ќе удрев еден човек на велосипед. Во последен момент свртев и го одбегнав, можев да го убијам! А тој човек беше Роман Абрамович. Каква вест ќе беше тоа! За малку го промашив. Неговата јахта беше во близина на брегот а тој возеше велосипед по островот. До ден денешен не знае дека бев јас“ - раскажува Пет Невин, кој сега работи како стручен коментатор и во неколку наврати се има сретнато со Роман Абрамович.