24фудбал

Дортмунд морал да направи компромис, Билд открива детали за откупната клаузула на Халанд

Раководството на Борусија Дортмунд во прв момент одбило да прифати откупна клаузула во договорот на Ерлинг Халанд, но „милионерите“ направиле компромис и се сложиле Норвежанецот да побара дозвола за трансфер во 2022 година.

Германија

Борусија Дортмунд реализираше голем трансфер во последните денови од 2019, „милионерите“ ги победија Манчестер јунајтед и Јувентус до потписот за талентираниот Ерлинг Халанд.

Се говореше дека една од пречките за трансфер на Норвежанецот на Олд Трафорд било барањето за откупна клаузула, на Манчестер јунајтед не му се допаднало тоа што играчот уште недојден размислува за нов трансфер.

Според пишувањата на Билд, и раководството на Борусија Дортмунд во прв момент одбило да прифати откупна клаузула во договорот на Ерлинг Халанд, но на крајот бил направен компромис.

Eрлинг Халанд доколку изрази желба летото во 2022 да замине, тогаш ќе му се активира откупна клаузула за полесно да се реализира зделката. Билд сепак не открива која е сумата која ќе биде потребна за комплетирање на трансферот.