24фудбал

Клоп ги збуни новинарите: Мурињо беше голман? Никој не знае? Брзо, барајте на гугл!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги збуни новинарите со прашање на која позиција играл Жозе Мурињо, откако никој не го знаеше одговорот, Германецот им нареди да бараат на гугл.

Англија

Јирген Клоп попладнево се појави на прес конференција во пресрет на утрешното гостувањето кај Тотнем. Германецот беше прилично релаксиран, имаше пофални зборови но и провокации за Жозе Мурињо а и ги збуни новинарите со прашање за тоа на која позиција играл Португалецот.

„Беше голман?“ – праша Германецот, а откако никој од присутните не понуди одговор, Јирген Клоп нареди: „Брзо, проверете на гугл!“. Се замеша и портпаролот на Ливерпул кој рече, „Немаме време за вакви работи“, но тренерот инситираше, „Имам време... Барајте на гугл“.

„Специјалниот“ во својата кратка кариера како фудбалер играл во средниот ред, а голман бил неговиот татко, Феликс Мурињо.

„Жозе Мурињо е тренер од светска класа со многу специфичен начин на размислување“ – продолжи Јирген Клоп. „Секогаш сака да победи, и го почитувам многу. Не сакам да креирам наслови, но не паметам натпревар против него во последните две-три години кога сум помислил, „Му благодарам на Бог што тој е тренер а не некој друг“. Прави напори неговиот тим да го извади најдоброто од секоја ситуација“.

За тоа што очекува од Тотнем, Клоп вели: „Ќе се сретнеме со добро организиран тим кој посебен фокус ќе стави на одбраната и контрите. Не можеме да бидеме 100% сигурни како ќе одиграат, но имаме одредена идија. Мораме да претпоставиме дека Мурињо ќе го повтори рецептот од времето кога беше во Манчестер јунајтед и како тогаш ни се спротивставуваше. Секако нема да биде буквално исто бидејќи сега на располагање има друг тип на играчи“.