24фудбал

Хоџсон до медиумите: Од каде ви се тие информации за Заха и Баерн? Ќе сме го дале најдобриот на позајмица...

Хоџсон од поодамна има истакнато дека интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска не е за продажба, меѓутоа дискутабилна е ситуацијата со Заха кој и во овој преоден рок е актуелна тема на Островот, дискутабилна по прашањето на неговата желба за тоа каде сака да продолжи.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Кристал Палас, Рој Хоџсон ги запраша медиумите околу веродостојноста на информациите кои излегоа во јавноста за можна позајмица на Вилфред Заха во Баерн Минхен.

На пресконференција, Хоџсон запрашан за шпекулациите со Заха и Баерн Минхен, реагираше бурно кон медиумите.

Заха ќе се преселел во Баерн Минхен на позајмица? Дали тоа е сериозно? Од каде ви е таа информација?“ запраша Хоџсон.

Ќе ви кажам јас што ќе сторам, дали Карл-Хајнц Румениге се уште е таму?

Јас лично ќе му дадам прстен на Карл-Хајнц, тој ми е близок пријател од поодамна, би додал дека Дали е точно тоа дека вие сериозно сметате дека ние ќе го испратиме нашиот најдобар фудбалер на позајмица и ќе го поминеме остатокот од оваа сезона без најдобриот фудбалер во тимот, дали е точно?“ гласеше клучното прашање на Хоџсон до медиумите.

Поранешниот член на Манчестер јунајтед се врати во составот на Кристал Палас во 2015. година по разочарувачкиот престој во тимот од „Олд Трафорд“ каде мина две сезони. Од тогаш, па наваму, 27 годишниот офанзивец се разви во еден од најдинамичните фудбалери на својата позиција во Премиерлигата.

Заха инаку има важечки договор со тимот од Лондон до 2023. година, а со самото тоа Кристал Палас има доста добра положба при евентуални преговори за својата прва ѕвезда во составот.

Во однос на оваа тема, пред само неколку дена „Гардијан“ извести дека Кристал Палас одбил понуда од Баерн Минхен за позајмица на Заха до крајот на актуелната сезона, веројатно и со опција за откуп на неговиот договор.

На Островот шпекулираат дека Кристал Палас не би го пуштил Заха да си замине за понуда под 80 милиони фунти.