24фудбал

Операцијата на Заниоло успешна, потврдија од Рома

Младиот член на „Римската волчица“ несомнено беше еден од клучните фудбалери во замислите на селекторот на Италија, Роберто Манчини за европскиот собир годинава.

Италија

Младиот и доста перспективен фудбалер на Рома, Николо Заниоло се здоби со повреда од потежок карактер на дербито со Јувентус, и тоа оштетување на менискусот и предниот вкрстен лигамент на десното колено.

Денес врз Заниоло беше извршен оперативен зафат, а за него сезонава е веќе завршена, а веројатно згасна и големата желба кај него за настап во дресот на Италија на Европското првенство годинава.

Од Рома потврдија дека операцијата над Заниоло е завршена успешно, а рехабилитациониот период, фудбалерот ќе ја почне од утре.

Операцијата предводена од професор Мариани беше успешна, Заниоло ќе почне со својата рехабилитација од утре“ известија од Рома.

Се верува дека рехабилитациониот период за Заниоло ќе трае од четири до шест месеци, исто така очекувањата се 20 годишниот фудбалер да го пропушти и овогодинешното Европско првенство.