24фудбал

Првиот човек на Реал Мадрид не знае кој е Погба

Претседателот на Реал Мадрид по освојувањето на шпанскиот Суперкуп и победата над градскиот ривал Атлетико Мадрид беше запрашан за Погба, меѓутоа тој истакна дека не познава таков фудбалер.

Шпанија

Флорентино Перез во едно интервју по крајот на финалната пресметка од шпанскиот Суперкуп беше запрашан за често поставуваното прашање до него, а тоа е Пол Погба, Французинот од редовите на Манчестер јунајтед кој подолг период се поврзува со можен трансфер во „Кралскиот клуб“.

Јас не знам кој е тој Погба“ одговори Перез со насмевка на своето лице.

Шефот на стручниот штаб на „Кралевите“, Зинедин Зидан има голема желба кај себе да го доведе својот сонародник во составот кој го предводи, од Манчестер јунајтед одбија таква можност, а Зидан продолжи со составот кој му беше на располагање.

Тоа што е мошне интересно, во Реал Мадрид имаат голема доверба во квалитетот и талентот со кој располага 21 годишниот Уругваец, Федерико Валверде, кој инаку беше прогласен за најдобар играч на Суперкупот, за него Перез има особено големи очекувања.

Тој ќе се развие во една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид во годините кои претстојат“ рече Перез на таа тема, која веројатно го оддалечува Погба од можноста да направи преселба во шпанската престолнина.