24фудбал

Реакцијата на Меси по отказот за Валверде (ФОТО)

Првата ѕвезда на Каталонците не чекаше премногу да го даде својот коментар по одлуката на Барселона да му врачи отказ на својот довчерашен тренер Ернесто Валверде.

Шпанија

На Валверде не му помогна ниту јавната поддршка на Лионел Меси кон него по очајните изданија и резултати на Барселона, па така официјално Валверде се раздели со клубот од „Камп Ноу“, а негов наследник е Кике Сетиен.

По конечната одлука на Барселона да му врачи отказ на Валверде, Меси се одзва со реакција на социјалните мрежи, уште еднаш потврдувајќи за тоа во колку добри релации бил со својот довчерашен соработник.

Благодарам за се’, господине“ беа првите зборови на Аргентинецот откако Барселона за прв пат од 2003. година па наваму се реши да го промени својот тренер на половина од актуелната сезона.

Сигурен сум дека ќе бидеш доста успешен каде и да одиш, бидејќи, покрај тоа што си голем професионалец, ти воедно си и една прекрасна личност, ти посакувам многу среќа и ти испраќам голема прегратка“ додаде Меси.