24фудбал

Го добија Реал Мадрид за противник во Купот, прославија како да го победиле (ВИДЕО)

На третолигашот повеќе од очигледно е дека посакуваа гигант од шпанското првенство за противник во идната фаза од „Копа дел реј“.

Шпанија

Ждрепката за 16финалето од „Копа дел Реј“ посака Реал Мадрид да му гостува на третолигашот Саламанка, а од таму доаѓа невидена радост откако тој клуб го дозна својот иден противник во тоа натпреварување.

Целиот состав на Саламанка доста еуфорично прослави за тоа што го добија Реал Мадрид, за што сведочи и следното видео...

Од преостанатите дуели, ќе подвлечеме дека Барселона ќе гостува кај Ибиза, Валенсија кај Логроњес, а Атлетико Мадрид кај Културал Леонеса, дуелите се предвидени да се одиграат на 22-ри јануари.