24фудбал

Сари: Голот на Игуаин беше ретко убав, вредеше за сите пари (ВИДЕО)

Јувентус со 4-0 го победи Удинезе и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија, а Гонзало Игуаин постигна гол по една прекрасна акција.

Италија

Јувентус дојде во водство во 16. минута, по една маестрална акција во која главната улога ја имаа Игуаин и Дибала.

Маурицио Сари го прокоментира погодокот по мечот.

„Тоа беше ретко убав гол, да видите три-четири додавања со таква брзина... Вредеше за сите пари“, вели Сари.