24фудбал

Клоп: Одлуката на АФКОН е катастрофа за нас, ќе размислиме добро дали ќе купиме играч од Африка

Тренерот на Ливерпул вели дека одлуката Купот на Африкански нации одново да се игра во јануари и февруари е катастрофа за нив и додава дека добро ќе размислат во иднина дали ќе се засилат со фудбалер од Африка.

Англија

Последното издание на Купот на Африкански нации се одигра во лето, но следниот повторно ќе се игра во зима, односно во јануари и февруари. Тоа значи дека клубовите од Европа ризикуваат да бидат и до шест недели сред сезона без своите играчи.

Се чини дека најмногу е погоден Ливерпул, „црвените“ ќе бидат без двајца клучни играчи како Мохамед Салах и Садио Мане, а нема да можат да сметаат и на Наби Кеита.

„Навистина го почитувам Купот на Африкански нации, но проблем е тоа што првенството се игра сред сезона. Тоа што АФКОН се враќа во јануари е катастрофа за нас. Не им помага ниту на фудбалерите од Африка. Секако дека нема да го продадеме Салах, Мане или Кеита поради тоа што ќе треба да играат првенство во јануари и февруари, но ќе размислиме добро дали ќе се засилиме со фудбалери од Африка, во старт знаеме дека новите играчи нема да можат да настапат за нас едно четири недели“ – вели Јорген Клоп.