24фудбал

Алегри ја следи ситуацијата, но не брза да се врати

Масимо Алегри често се поврзува со некој клуб, но неговиот агент не очекува тој да се врати оваа сезона.

Италија

Алегри е на одмор откако се раздели со Јувентус, како слободен тренер тој често се поврзува со одредени клубови, досега неговото име беше споменувано заедно со Манчестер јунајтед, Челси, Наполи, ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона... но се уште нема ништо конкретно.

„Не мислам дека Алегри ќе се врати наскоро. Тој вели дека интензивно зема часови по англиски, но не сум сигурен за тоа“, вели агентот Џовани Бранчини.

„Шала настрана, тој е среќен што прави една година пазуа. Понекогаш ви е потребно да застанете и да ги видите работите од друг агол. Сигурен сум дека од следната сезона тој со задоволство ќе и се врати на работата“.

„Тешко е да се прогнозира дали следната негова работа ќе биде во Италија или во странство. Многу зависи од тоа како клубовите ќе играат во Лигата на шампионите“.