24фудбал

Страшна сообраќајка, Ромеро го уништи своето Ламборгини но имаше среќа (ФОТО)

На патот кон тренинг центарот на Манчестер јунајтед, голманот Серхио Ромеро утринава имал ужасна сообраќајка, за среќа останал неповреден.

Англија

Патувајќи накај тренинг, Ромеро излетал од патот и удрил во заштитната ограда, речиси комплетно го уништил своето Ламборгини од 170.000 фунти.

Манчестер јунајтед потврди дека нивниот голман останал неповреден и покрај големите оштетувања на неговиот автомобил.

Голманот дури и тренирал заедно со останатите соиграчи.