24фудбал

Мбапе одговори на шпекулациите со Реал Мадрид и Ливерпул

Суперталентираниот Мбапе вели дека има „долг“, на некој начин во својата изјава, кон ПСЖ, клуб кој го посочи со многу голема заслуга за тоа што е денеска во светот на фудбалот, како и националниот состав на Франција.

Франција

Младата ѕвезда на францускиот првак ПСЖ, Килијан Мбапе вели дека е посветен на своите клупски обврски, а напаѓачот ова го вели во екот на засилените шпекулации поврзани со Реал Мадрид, односно Ливерпул.

Мбапе стана еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот во денешницата, откако направи трансфер во редовите на ПСЖ од Монако во 2017. година, постигна 81 погодок во сите конкуренции во своите две ипол години минати во тимот од француската престолнина.

Пред да се пресели во ПСЖ, Мбапе силно се поврзуваше со Реал Мадрид, а шпекулациите за потенцијален трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ до денеска не запреа.

Сите зборуваат за тоа, јас кога бев мал исто така зборував на таа тема, но, сега сум професионален фудбалер и знам добро дека ова не е моментот“ вели 21 годишниот Мбапе, инсистирајќи на тоа дека нема планови кај него да го напушти тимот на ПСЖ.

Сега е јануари, период за пари во сезоната, односно за трансфери, замислете јас да ви одговорам на вашето прашање или да кажам нешто конкретно, сите ќе зборуваат за тоа, а истото не е добро за ПСЖ“ додава Французинот.

Посветен сум на обврските на ПСЖ 100%, сакам да му помогнам на клубот да се развие уште повеќе сезонава, да освојам што е можно повеќе трофеи, а воедно и за мене не е добро да се говори за мојата иднина, мислам на клубот, бидејќи тој ми помогна да бидам тоа што сум денеска, тука дојдов на 18 години, бев талент, но, не и голема ѕвезда, сега сум токму тоа, благодарение на ПСЖ и францускиот национален тим“ вели Мбапе, алудирајќи на тоа дека ПСЖ има посебни кредити кај него во развојот на неговата кариера.

Ливерпул исто така се поврзува со Мбапе, барем така известуваат одредени медиуми, иако самиот тренер на европскиот првак, Јирген Клоп, јасно посочи дека Мбапе е вон финансиските можности на Премиерлигашот, меѓутоа Мбапе не крие дека Ливерпул е „машина“ во моментов.

Тоа што Ливерпул го прави во моментов е неверојатно, тие се како машина, го пронајдоа ритамот во стилот играме повторно, играме повторно, немаат ниту еден пораз, а кога ќе ги гледате како играат многумина велат дека тоа е лесно, верувајте дека не е, момците се целосно фокусирани, играат натпревари на секои три дена и победуваат, победуваат, победуваат...“ посочи Мбапе.

Во однос на Реал Мадрид, тренерот на таа екипа, Зинедин Зидан е всушност еден од најомилените фудбалери во детството на Мбапе, за што и самата млада ѕвезда не крие, Зидан на пресконференција рече дека нема ништо чудно во тоа, додавајќи дека големите ѕвезди секогаш се пример за оние кои играат фудбал.