24фудбал

Манчестер јунајтед тргна по Пјонтек

По големите проблеми кои настанаа по повредата на првата ѕвезда на тимот, Рашфорд, во Манчестер јунајтед бараат брзо решение уште овој преоден рок, се верува дека во Милан се подготвени за продажба при добри услови.

Англија

Манчестер јунајтед веќе воспоставил контакт со Милан околу можноста за трансфер на напаѓачот Криштоф Пјонтек на Островот, во тимот од „Олд Трафорд“ постои голема причина за такво нешто.

Маркус Рашфорд се повреди на подолг рок, се верува дека ќе отсуствува два до три месеци, а самиот тренер на Премиерлигашот, Оле Гунар Солшер одби да даде гаранции дека тој би се вратил до крајот на актуелната сезона.

Тоа е голем проблем за Манчестер јунајтед кој нема многу опции во нападот, па така „Д Атлетик“ известува дека Премиерлигашот веќе почнал да се распрашува околу достапноста на Пјонтек на трансфер пазарот, се верува дека „Црвените ѓаволи“ го посакуваат полскиот напаѓач најпрво на позајмица.

Со само пет погодоци зад неговото име во 19 настапи актуелнава сезона, се верува дека во Милан се подготвени да го пуштат Пјонтек да си замине од клубот, а „Росонерите“ наводно би си подале рака со заинтересираните клубови за неговите услуги за обештетување во висина од околу 35 милиони евра.