24фудбал

Официјално: Виктор Моузес е нов фудбалер на Интер

Интер го комплетираше трансферот на Виктор Моузес, тој во Милано пристигнува на позајмица со опција комплетно да биде откупен.

Англија

Виктор Моузес ќе игра како позајмен фудбалер во Интер до крајот на сезоната со опција комплетно да биде откупен од Челси за 12 милиони евра.

Тој уште пред два дена го потпиша договорот со Интер откако ги помина медицинските тестови, но доцнеа документите од Фенербахче каде што играше на позајмица. Во меѓувреме тие пристигнаа и нероазурите го потврдија трансферот на Моузес.

Ова е второто засилување за Интер од премиерлигаш, претходно го потврдија трансферот на Ешли Јанг од Манчестер јунајтед.