24фудбал

Официјално: Адис Јаховиќ е нов фудбалер на Анталијаспор

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ од денеска и официјално е нов член на Анталијаспор, трансферот кој беше најавуван сега е комплетиран.

Македонија

Јаховиќ стави потпис на договор со траење од година и пол, но со можност да биде прекинат по завршувањето на оваа сезона.

Анталијаспор се бори за опстанок и се надева дека со головите на македонскиот фудбалер ќе остане во најдобрата турска лига.

Во првиот дел од сезоната Јаховиќ играше за Јени Малатија и постигна дури 11 голови. Тој важи за еден од најдобрите голгетери во Турција.