24фудбал

Ребиќ повторно е херојот на Милан, трета победа по ред во Серија А (ВИДЕО)

Со гол на Анте Ребиќ, Милан со 1-0 победи на гостувањето кај Бреша и дојде до третиот триумф по ред во Серија А.

Италија

Милан влезе во серија победи во најдобрата италијанска лига откако денеска обезбеди гостинска победа и над Бреша.

И овој пат херојот на росонерите е Анте Ребиќ. Тој најдобро се снајде во една мешаница во шеснаесетникот на Бреша и погоди во 71. минута за нови три бода.

Со оваа победа Милан се искачи на шестата позиција на табелата.