24фудбал

Си тераат мајтап, Халанд за помалку од 60 минути има повеќе погодоци од цел Манчестер јунајтед во 2020 (ФОТО)

Ерлинг Халанд се запиша во историјата на Бундеслигата откако синоќа влезе од клупата против Келн и постигна нови два гола, а неговата страшна голгетерска форма беше повод за провокација до Манчестер јунајтед.

Англија

Перспективниот Норвежанец постави нов рекорд во Германија и стана првиот играч кој постигнал пет погодока на првите два меча во Бундеслигата. По хет-трикот против Аугсбург минатото коло, Ерлинг Халанд синоќа два пати ја тресеше и мрежата на Келн.

Неговото постигнување е уште поимресивно доколку во предвид се земе фактот дека тој не беше стартер ниту на двата меча, влезе од клупата, и на теренот има поминато вкупно 59 минути.

Бонус 20 ЕУР соБетадриа викенд типови

Неговата страшна голгетерска форма беше повод и за провокација до Манчестер јунајтед. „Ѓаволите“ беа еден од клубовите кои се обидоа да го донесат напаѓачот, Оле Гунар Солшер лично отпатува во Австрија на преговори со својот сонародник и го убедуваше да го одбере Олд Трафорд, но зделката не се реализираше поради условите кои ги постави контроверзниот агент Мино Рајола.

Дали Манчестер јунајтед сега жали што не го купи голгетерот знаат само луѓето од Олд Трафорд, но Ерлинг Халанд за помалку од 60 минути има повеќе погодоци (5), отколку цел Манчестер јунајтед за 360 минути (4) во 2020 година во првенствените натпревари.