24фудбал

„Телеграф“: Во Арсенал во исчекување на потег од Барселона за Обамејанг

Габонецот силно се поврзува со Барселона зимскиов преоден рок, на Островот веруваат дека Каталонците во финалната седмица од периодот за трансфери ќе направат обид да дојдат до потписот на 30 годишниот напаѓач.

Шпанија

Во Арсенал се во исчекување на понуда од Барселона за нивниот напаѓач, а воедно и капитен на тимот, Пјер-Емерик Обамејанг, „Телеграф“ известува дека Премиерлигашот од Лондон очекува тоа да се случи во финалната седмица од јануарскиот преоден рок.

„Телеграф“ воедно додава дека Каталонците стравуваат дека би можеле да се најдат во ситуација да не можат да издвојат онолку средства колку би побарале од Лондон во еден потенцијален договор помеѓу обете страни во еден „фото-финиш“ од преодниот рок.

Јасно е дека Барселона е очајна во потрагата по напаѓач на трансфер пазарот кој би ја пополнил дупката оставена од повредата на Луис Суарез, од друга страна пак извесно е дека Обамејанг е нивниот прв избор на листата на желби, како и напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено кој се споменува исто така како алтернативно решение.

Во Арсенал се свесни за интересот за услугите на нивниот најдобар напаѓач, а се верува дека Барселона ќе мора најпрво да се распраша околу можноста да го ангажира Обамејанг, пред Каталонците целосно да се насочат кон Родриго.

„Телеграф“ наведува дека поизвесно е дека Барселона своето внимание ќе го насочи кон Родриго, меѓутоа, до денеска, Каталонците не се откажале од намерата да го ангажираат Обамејанг, иако шефот на стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета инсистира да го задржи 30 годишниот Габонец во тимот до крајот на актуелната сезона.

Како и да е, постојат одредени информации низ медиумите, за што наведува и „Телеграф“, дека во Барселона се надеваат дека одличната форма на Габриел Мартинели ќе го предомислат Арсенал во поглед на иднината на Обамејанг.

Во веста за Обамејанг, британскиот медиум заклучува дека во Барселона стравуваат дека Арсенал ќе бара нешто повеќе од 50 милиони фунти за Обамејанг овој преоден рок, и покрај фактот Габонецот има уште 18 месеци од својот договор со клубот.