24фудбал

Пјонтек понуден на Челси, но Лампард има други идеи

Во Милан се чини дека повеќе немаат дилеми во однос на иднината на полскиот напаѓач во клубот, ова доаѓа по враќањето на Ибрахимовиќ во составот на „Росонерите“, со што практично Пјонтек почна да бара нов клуб.

Англија

Криштоф Пјонтек бил понуден на Челси, како алтернативно решение за нападот на таа екипа, откако раководството на Милан наводно дало зелено светло за продажба на полскиот напаѓач во блиска иднина, на задоволство на неговите агенти, кои го посакуваат истото.

Се верува дека во Милан постојат причини за продажба на Полјакот кои соодвестуваат со финансиска природа, а наводно за фудбалерот сериозно се распрашува и Тотнем.

„Индепендент“ наведува дека „Спарси“ не гледаат реална цена во посакуваната од страна на Милан која изнесува околу 30 милиони фунти за 24 годишниот напаѓач, па извесно е поради тоа Пјонтек да се оддалечи од Тотнем.

Што се однесува пак до понудата до Челси, од таму наводно посакуваат друг напаѓач да донесе ривалство со незаменливиот Тами Абрахам, откако стана јасно дека Френк Лампард нема дилеми во одлуката да се ослободи од „вишокот“ во тимот Оливие Жиру.

Се верува дека прва желба на Челси, односно Лампард е напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани, а за потписот на Уругваецот, тимот од Лондон ривал има во Манчестер јунајтед, иако извесен период се шпекулира дека Кавани преферира преселба во Атлетико Мадрид.