24фудбал

Претседателот на Валенсија во Барселона, се решава иднината на Родриго

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека претседателот на Валенсија, Анил Мурти отпатувал за Барселона на средба со раководството на „каталонците“ за трансфер на Родриго на Камп Ноу.

Шпанија

Барса го идентификуваше Родриго како идеално засилување за нападот и замена за Луис Суарез, кој поради повреда ќе биде надвор од стројот околу четири месеци.

Последните информации велат дека претседателот на Валенсија, Анил Мурти попладнево пристигнал во Барселона на разговори со раководството на „каталонците“. Се верува дека следните 48 часа ќе бидат клучни за комплетирање на зделката.

„Лос че“ минатото лето на Атлетико Мадрид му бараа 60 милиони евра за продажба на голгетерот, а и сега ова е бараната сума. Барса преферира да го добие Родриго на позајмица со опција да го купи во целост по крајот на сезоната.

Шампионот на Шпанија исто така е подготвен на Валенсија да и понуди неколку играчи со цел да ја намали цената на Родриго, се споменуваат имињата на Муса Ваге или Мончу.

Во преговорите учествува и Жорж Мендеш, агентот е советник на сопственикот на Валенсија, бизнисменот Питер Лим.