24фудбал

Арсенал на гостински терен го победи Борнмут и се пласира во следното коло од ФА Купот

По три нерешени средби во серија, Арсенал конечно победи, во меч од ФА Купот го совлада тимот на Борнмут на негов терен.

Англија

Тимот на Артета тргна фуриозно, уште во петата минута поведе со 1-0 со гол на Сака кој ја заби топката под пречката на домаќините.

Само 20 минути подоцна веќе беше 2-0, по една убава акција Сака асистираше до Нкетиа кој беше стрелец на вториот гол.

Овој резултат беше актуелен се до 94. минута кога Сариџ постигна гол за Борнмут за 2-1. Имаше уште четири минути од судиското продолжение но домаќините не успеаа да направат сензационално враќање.

Во осминафиналето од ФА Купот Арсенал ќе му гостува на Портсмут.