24фудбал

Солшер најави изненадувачко сценарио за на лето: Санчез на сите ќе ви докаже дека грешите за него

Се чини дека ќе има ново поглавје во обидите на Санчез да стори нешто повеќе од претходно во дресот на Манчестер јунајтед, тоа го соопшти и самиот Солшер кој не крие дека постои можност за такво сценарио на лето.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер се чини дека ќе му даде нова прилика за докажување на Алексис Санчез во тимот од „Олд Трафорд“, а тоа би можело да се случи во летниот преоден рок.

Чилеанецот се покажа како големо промашување за Манчестер јунајтед по трансферот од Арсенал пред две години, тој во моментов е дел од екипата на Интер на позајмица, меѓутоа таму пак, се соочи со сериозна повреда, а досега забележа 214 минути во дресот на „Нероаѕурите“.

Иако доста критикуван поради бледите изданија во дресот на „Црвените ѓаволи“, Санчез, веројатно на големо изненадување кај фудбалската јавност, доби поддршка од Солшер, кој не ги крие плановите за на лето.

Алексис ќе се врати на лето и на сите ќе ви докаже дека грешите во врска со него“ рече Солшер за време на пресконференцијата во пресрет на утревечерната пресметка со Манчестер Сити во Лига Купот, а новинарските екипи го запрашаа и за коментар во однос на досега неуспешниот јануарски преоден рок за клубот.

Не можам да се сетам колку сме биле добри претходно во овој период на ова поле, Хенрик Ларсон беше добар, Немања Видиќ и Патрис Евра исто, тешко е...клубовите не сакаат лесно да се откажат од своите најдобри фудбалери, доколку постојат било какви шанси, верувајте дека клубот вложува максимални напори за тоа, меѓутоа обидите се тешки“ додаде Солшер, откако сепогласни се шпекулациите дека нема да има ништо од најаваниот трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

Запрашан конкретно за случајот со Фернандеш, Солшер не даде ништо посебно како информација во својот одговор, наведувајќи дека не постои ништо посебно што би можело да се објави во овие моменти.