24фудбал

Ло Селсо целосно во рацете на Тотнем, „Де Телеграф“ најави и ново засилување за Мурињо

Португалскиот фудбалски стратег од клупата на Тотнем, Жозе Мурињо побара, а првиот човек на клубот Даниел Леви ја исполни таа негова желба за Ло Селсо, дополнително од Холандија пристигнува уште едно засилување за Премиерлигашот.

Англија

Тотнем и официјално соопшти дека ја искористиле опцијата за да го откупат договорот на Џовани Ло Селсо од Бетис, откако Аргентинецот во дресот на Премиерлигашот настапуваше како позајмен со можност за откуп на неговиот договор.

23 годишниот офанзивец воедно денеска стави и потпис на договор со Тотнем со кој се обврза на верност со клубот до до 2025. година.

Сево ова доаѓа по барањето на Жозе Мурињо клубот да се погрижи за реализација на перманентен трансфер на Ло Селсо, наведувајќи дека самата форма на фудбалерот е одлична причина за една таква одлука.

Оваа операција, Тотнем ја реализираше за околу 30 милиони евра, иако Премиерлигашот веќе на Бетис му исплати половина од таа сума како дел од договорот за позајмица, бенефит од овој трансфер ќе има и поранешниот клуб на Ло Селсо, ПСЖ, кому му припаѓаат 20% од зделката.

Кога сме веќе кај Тотнем, и активностите на тој клуб во јануарскиот преоден рок, ќе додадеме и дека „Те Телеграф“ извести дека Премиерлигашот веќе постигнал договор со ПСВ за трансфер на офанзивното крило Стивен Бергвијн.

Се верува дека ПСВ ќе добие нешто повеќе од 30 милиони евра за 22 годишниот фудбалер кој ќе стави потпис на пет ипол годишен договор со Тотнем.

Нешто повеќе за Бергвијн, тој се приклучи на ПСВ од младинската академија на Ајакс во 2011. година, а досега запиша 149 настапи за ПСВ, во кои постигна и 31 погодок, а реализираше и 45 асистенции.