24фудбал

Лудо сценарио: Барса му го „краде“ Фернандеш на Манчестер јунајтед и го испраќа на позајмица во Валенсија?!

Како и во сите преодни рокови, и овој пат излезе едно „лудо“ сценарио кое повеќе медиуми најавуваат дека би можело да се оствари, меѓутоа останува периодот кој претстои да докаже дека навистина постои таква можност.

Шпанија

Барселона и Валенсија се во преговори за трансфер на напаѓачот Родриго на „Камп Ноу“ во самата завршница од јануарскиот преоден рок, меѓутоа, „ЕСПН“ базирајќи се на свои извори изнесе и една луда шпекулација за плановите на Каталонците.

Според тоа известување, се вели дека Барселона би можела да го ангажира Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, кој инаку е голема желба на Манчестер јунајтед, а потоа Португалецот да биде испратен на позајмица во Валенсија, како дел од договорот за Родриго.

„ЕСПН“ додава дека Барселона притиска за позајмица на Родриго, со можност и за целосно откупување на неговиот договор на лето, меѓутоа во Валенсија преферираат кеш, односно продажба во овој преоден рок, наместо на лето.

Како што погоре наведовме, „ЕСПН“ притоа известува дека клубовите и дискутираат за едно доста необично, како и комплицирано сценарио, во кое би бил вклучен Фернандеш, за кого се верува дека е сеподалеку од Манчестер јунајтед.

Фернандеш би можел да потпише со Барселона, пред да се приклучи на Валенсија на позајмица, за Родриго да заврши на „Камп Ноу“.

Оваа шпекулација ја пренесоа повеќе релевантни медиуми, а меѓу другото, се верува дека Барселона и Спортинг Лисабон веќе се договориле за трансфер вреден 80 милиони евра на Португалецот.