24фудбал

Наполи го ангажираше Политано

Откако Антонио Конте го презеде кормилото во тимот на „Нероаѕурите“, спласна минутажата за 26 годишниот офанзивец кој беше приморан да си пронајде нова средина.

Италија

Наполи и официјално го претстави Матео Политано од Интер како засилување во својот состав, а веќе се познати и деталите од договорот помеѓу обата клуба.

Првиот човек на италијанскиот вицепрвак, Аурелио Де Лаурентис го потврди трансферот, а веднаш потоа и самиот клуб, кој објави дека преговорите со Интер завршија успешно.

Политано доаѓа во Наполи на позајмица во идните 18 месеци, во договор кој чини 2.5 милиони евра, а Наполи ќе има опција во истиот целосно да го откупи договорот на Политано со Интер за 19 милиони евра, дополнително и 2 милиони евра во бонуси кои би зависеле од клупските успеси.

Како што известуваат во Италија, Политано ќе го носи дресот со број „21“, а неофицијално неговата заработка ќе изнесува 2.2 милиони евра, како и 300.000 евра во бонуси.