24фудбал

„Што си помислив кога Халанд потпиша? С*ање!“

Секако дека ривалите на „Милионерите“ во најсилниот фудбалски шампионат на Германија не се израдуваа премногу со тоа што ангажираа вистинска гол-машина.

Германија

Спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Мекс Еберл беше доста отворен во изјавата во однос на тоа што помислил најпрво откако се официјализираше големото засилување за Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок, Ерлинг Халанд.

Освен Лајпциг, како и Баерн Минхен, и „Милионерите“ се ривал на тимот од Менхенгладбах во битката за титулата сезонава во „Бундеслигата“, а 19 годишниот напаѓач досега постигна дури пет погодоци во помалку од еден час минат во дресот на Борусија Дортмунд.

Моето прво мислење? С*ање!“ изјави Еберл, не криејќи го фактот дека Борусија Дортмунд доведе вистинска гол-машина во својот состав.

Тоа беше едно парче од целата загатка кое недостасуваше. Нашиот ривал во Бундеслигата реализираше одличен трансфер“ додава искрено Еберл.