24фудбал

Барса не најде компромис со Валенсија па се откажа од Родриго, „каталонците“ имаат нова желба во името на Душан Тадиќ

Барселона се откажала од идејата да го ангажира Родриго откако не успеа да најде компромис со Валенсија, „каталонците“ сега имаат нова желба во името на Душан Тадиќ од Ајакс.

Шпанија

Мундо Депортиво и Спорт вечерва пренесоа дека преговорите за ангажман на Родригле влегле во ќор сокак, па Барса решила да откаже од Бразилецот со шпански пасош. „Каталонците“ не можат да најдат компромис со Валенсија за формулата на трансферот.

Клубот од Камп Ноу нема пари да го купи напаѓачот па го бара на позајмица, Валенсија прифаќа да го отстапи фудбалерот на привремена основа, но двата клуба се на различни бранови должини околу опцијата за перманентен трансфер.

„Лос че“ инсистира Барса да даде гаранции дека во целост ќе го купи неговиот договор за 60 милиони евра до 30. јуни, додека пак „каталонците“ не сакаат да се обврзат на ваква зделка, или пак доколку мораат, таа да се реализира на подоцнежeн датum и да влезе во буџетот за сезоната 2021/22.

Никој не сака да ги напушти завземените позиции, па МД и Спорт пишуваат дека Барселона се повлекува од преговорите и ќе се насочи кон други цели.

Во меѓувреме, трансфер експертот од Италија, Ди Марцио вели дека нова желба на „каталонците“ е Душан Тадиќ. Србинот минатата сезона блескаше во дресот на Ајакс во Лигата на шампионите.