24фудбал

Халанд идното лето достапен за „само“ 63 милиони фунти?

Младиот напаѓач во мошне краток временски период покажа што знае и умее во најсилниот германски фудбалски шампионат, а „Билд“ откри и еден доста интересен детал од неговиот договор со „Милионерите“.

Германија

Ерлинг Халанд веднаш се адаптираше во Борусија Дортмунд каде овој јануарски преоден рок направи трансфер од редовите на Салцбург.

19 годишниот норвешки напаѓач силно се поврзуваше со Манчестер јунајтед, како и други европски гиганти, меѓутоа Борусија Дортмунд одлично издејствува во преговорите и во својот состав доби вистинска гол-машина.

Се верува дека во Манчестер јунајтед го загубиле трпението со контроверзниот агент Мино Рајола во преговорите за трансфер на Халанд, а напаѓачот на само два меча за „Милионерите“ веќе постигна пет погодоци.

Борусија Дортмунд го обезбеди потписот на Халанд за само 17 милиони фунти, а „Билд“ објави дека Норвежанецот идното лето ќе има откупна клаузула од само 63 милиони евра, велиме „само“, со оглед на лудиот трансфер пазар изминатите неколку години каде се свртеа астрономски суми.

„Билд“, меѓу другото пишува и дека Рајола се обидел дури и да издејствува откупната клаузула на фудбалерот да изнесува само 42 милиони фунти, меѓутоа Борусија Дортмунд категорично го одбиле тој предлог, па обете страни на крајот ја заокружиле бројката од 63 милиони евра, клаузула која не може да се активира претстојното лето годинава.