24фудбал

Вардар одигра нерешено против Црвена звезда (ВИДЕО)

Вардар одигра реми без голови против српскиот шампион Црвена звезда на пријателски меч во рамките од зимските подготовки во Анталија.

Македонија

Фудбалерите на Вардар успеаа да извадат реми на подготвителниот меч против Црвена звезда.

Вардарци ја прекинаа серијата порази на пријателските мечеви, но и овој пат беа надиграни.

Црвена звезда беше подобар противник, создаде многу шанси, особено во второто полувреме, но не успеа да постигне гол.

Вардар мечот го почна со Гачевски, Тошевски, Најдовски, Младеновски, Брдаровски, Жуниор, Димовски, Мицевски, Аврамовски, Попзлатанов и Ибиши, во второто полувреме играа и Велковски, Реџепи, Колевски.

Следен противник на Вардар во подготовките е Борац Бања Лука, тој меч се игра во недела.