24фудбал

Борусија Дортмунд го позајми Емре Џан од Јувентус со обврска во целост да го купи на три рати за 25 милиони евра

Борусија Дортмунд и Јувентус го потврдија трансферот на Емре Џан, Германецот се сели на „Сигнал Идуна Парк“ на позајмица со обрвска во целост да биде купен доколку се исполнат одредени цели.

Германија

Емре Чан е ново засилување за „милионерите“, фудбалерот од средниот ред пристигнува на позајмица од Јувентус за која Борусија Дортмунд ќе плати 1 милиони евра.

Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ исто така превзема обврска во целост да го купи играчот доколку се исполнат одредени цели. Сумата е 25 милиони евра и ќе биде платена на три рати.

„Тимот има голем потенцијал и може до трофеј. Отсекогаш сум имал симпатии кон Дортмунд и со нетрпение чекам да заиграм пред оваа прекрасна публика за која има слушнато цел свет“ - вели Емре Џан.

Германецот пристигна во Јувентус во 2018 како слободен играч откако му истече договорот со Ливерпул. Тој сепак не се снајде во Торино, уште минатото лето му беше кажано дека треба да си најде нов клуб.