24фудбал

Румениге откри каков луд потег сакал да направи Гвардиола: Нојер требаше да игра во среден ред!

Генералниот извршен дирекотор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге откри дека Пеп Гвардиола сакал да го игра Мануел Нојер на средината од теренот но го предомислиле стратегот во последен момент.

Германија

Мануел Нојер ја промени улогата на голманите, модерните чувари на мрежата не само што треба одлично да бранат, мора да знаат и да играат фудбал, нападите да почнуваат од нив и прецизно да ја додаваат топката кога се под притисок.

Германецот особено го подигна нивото под водство на Пеп Гвардиола, кој е познат по „тика-така“ стилот кој го имплементираше во Барселона, а го применуваше и на Алианц Арена, и сега во Манчестер Сити.

Карл Хајнц Румениге во интервју за магазинот на Баерн Минхен открива дека Пеп Гвардиола сакал да направи луд потег и да го игра Мануел Нојер во средниот ред.

„Нојер ја измисли уметноста да се биде фудбалер како голман и ја револуционизираше оваа позиција. Ми текнува како, откако ја освоивме титулата, Гвардиола излезе со идеја да го игра Мануел Нојер во средниот ред. Ни беше прилично тешко да го одвратиме од намерата, која можеше да биде протолкувана како ароганција од наша страна. Но мислам дека Мануел Нојер без проблеми ќе се снајдеше во оваа улога“ – вели генералниот извршен директор на „баварците“.