24фудбал

Мало невнимание и Паје казнува на ваков начин (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј има состав за почит во Франција, токму тоа е екипата која освен незапирливиот ПСЖ, се истакнува нешто повеќе од останатите во „Лиг 1“, а искусниот Паје на 18 меча сезонава постигна 7 погодоци.

Франција

32 годишниот Димитри Паје му помогна на Олимпик Марсеј да дојде до уште една победа во најсилниот француски фудбалски шампионат, односно на гостувањето кај Сент-Етјен со 0-2, а токму тој беше стрелец на водечкиот погодок за победничкиот табор.

Добрите познавачи на „историјатот“ во кариерата на Паје, секако добро ќе се присетат дека станува збор за фудбалер кој често знае да постигне гол за јавните шпици, а синоќа со еден мудар потег, доста интелигентен, му донесе водство на својот тим.

Паје најпрво прими една употреблива топка по страничната позиција, иако имаше можност да упати центаршут, тој се реши за еден друг потег, па не само што „измеша“ еден свој противник кој се реши да го спречи во таа намера, туку на крајот „настрада“ и голманот на домаќините кој беше крајно невнимателен, очекувајќи центаршут во таа прилика...