24фудбал

Додека играчите на Реал гинеа да направат пресврт, Бејл се качи во автомобил и си замина дома

Герет Бејл уште еднаш го напушти Сантијаго Бернабеу додека неговите соиграчи се уште го играа мечот на теренот.

Шпанија

Нов потег на Герет Бејл кој ќе ги разочара навивачите на Реал Мадрид, Велшанецот и денеска порано си замина од Бернабеу.

Тој поради повреда не беше во составот на Реал Мадрид, мечот го следеше од трибините но не издржа до крај. Беше фатен како пред време си заминува од стадионот, кога неговиот тим губеше со 4-1.

Мечот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад имаше драматична завршница, кралскиот клуб успеа да дојде до 4-3, но не и да се спаси од елиминација.