24фудбал

Секој би го сакал Роналдо во својот тим, но не и претседателот на Баерн: Роналдо е престар за нас

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хаинер ги прокоментира гласините за трансфер на Кристијано Роналдо на Алианц Арена, вели дека ЦР7 е престар за шампионот на Германија.

Германија

Португалецот е еден од најдобрите фудбалери на денешницата но и во историјата, синоќа наполни 35 години, но партиите кои ги прикажува на теренот покажуваат дека годините се само бројка за него.

Тој на девет меча по ред постигнува гол во дресот на Јувентус, и веќе може да се пофали со 50 погодока на 70 натпревари во дресот на „старата дама“.

Секој би посакал ваков фудбалер во своите редови, но не и претседателот на Баерн Минхен, кој смета дека ЦР7 е престар за шампионот на Германија.

„Секако дека многу имиња се вртат низ медиумите, тоа е разбирливо. Нo Роналдо е малку престар за нас“ – вели Херберт Хаинер во разговор со ТЗ.