24фудбал

Роналдо тврди: Сакав да останам во Барселона, но тоа не зависеше од мене

Легендарниот Роналдо тврди дека имало голем пресврт во преговорите со Барселона околу нов договор со клубот, го коментираше и престојот во омразениот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.

Останато

Бразилската фудбалска легенда Роналдо открива дека се согласил да потпише нов договор со Барселона за да остане во дресот на Каталонците и по крајот на сезоната во 1997. година, меѓутоа сето тоа пропадна неколку дена по постигнатиот договор.

Пресвртот во преговорите донесе тогаш рекорден трансфер на Бразилецот во Интер за сума од околу 32 милиони евра, за во 2002. година да се врати во Шпанија, меѓутоа во дресот на големиот ривал на Барселона, тимот на Реал Мадрид.

Требаше да потпишам нов договор на крајот од сезоната, а јас се приклучив кон репрезентативните обврски со Бразил“ вели Роналдо за „ДАЦН“.

Пет дена потоа, тие ми се јавија за да ми кажат дека не можам да продолжам во однос на процесот за нов договор“ додава тој.

Тоа не беше во мои раце, јас сакав да останам, а доколку клубот не ме вреднуваше на начин на кој што јас сметав дека треба да го стори тоа, тогаш одлуката не беше во мои раце, како и да е, јас ќе останев, меѓутоа не зависеше од мене“ заклучи легендарниот Бразилец во однос на таа тема, а потоа се осврна и на Реал Мадрид.

Кога отидов во Реал Мадрид добив сосема нова слика, тоа беше клуб поголем и од тоа што ми го опиша Роберто Карлос, поголем и од што можев да замислам, тоа е Реал Мадрид. Сепак, постојат големи очекувања од тој клуб и голем притисок, меѓутоа, таму секако се и најдобрите во светот на фудбалот, пресреќен бев што настапував за таков голем клуб, па дури и да помогнам да стане уште подобар“ вели Роналдо.

Бразилецот во својот престој во Барселона постигна 47 погодоци во 49 настапи во една сезона, додека пак во петте сезони во дресот на Реал Мадрид, на 177 настапи запиша 104 погодоци зад своето име.