24фудбал

Вардар со победа над Македонија ЃП го почна пролетниот дел од сезоната

Вардар со 3-1 ја победи Македонија Ѓорче Петров во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Македонија

Лидерот запиша три нови бода откако на Арената „Тодор Проески“ ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Резултатот беше отворен во 37. минута кога по еден одличен потег Матеј Цветановски асистираше до Жуниор кој реализираше за водство на Вардар од 1-0.

По пет минути игра во второто полувреме Ибиши даде гол за 2-0, а девет минути подоцна Цветановски реализираше за убедливи 3-0.

До крајот на мечот Македонија Ѓорче Петров со убав гол на Паду успеа само да го намали водството на Вардар и да ги постави конечните 3-1.

Останатите четири меча од 19. коло се играат утре. Од 13 часот Академија Пандев ја пречекува Шкендија, а од 14 играат Ренова - Силекс, Шкупи - Борец, Струга ТЛ - Работнички.

Фото: ФК Вардар