24фудбал

Сари му одговори на Клоп: Паметен е тој, добро знае што прави со коментарите за Јувентус

Маурицио Сари одговори на изјавата на Јирген Клоп, кој го посочи Јувентус за главен фаворит во Лигата на шампионите и порача дека никогаш не видел широк и квалитетен состав како оној на „старата дама“.

Италија

Тренерот на Ливерпул во разговор со Гардијан го одбра Јувентус како прв кандидат за титулата во најелитното европско првенство. Гермецот порача дека никогаш не видел широк и квалитетен состав како оној на „старата дама“ и изрази чудење зошто тие немаат 10 бода предност на врвот на табелата во Серија А.

Попладнево пристигна одговорот од Маурицио Сари, кој вели дека Јирген Клоп е паметен и добро знае што прави со ваквите коментари, односно го тргнува притисок од Ливерпул.

„Колку што прочитав, Јирген Клоп рече дека не прати Серија А, па веројатно поради тоа е збунет и зачуден! Тој е еден од најсмешните тренери, но и еден од најпаметните и јасно е што сака да направи, да го тргне притисокот од Ливерпул бидејќи тие се фаворити. Исто така, може да се каже дека и Ливерпул има прилично широк и квалитетен состав“ – вели тренерот на Јувентус.