24фудбал

Победа на Барса, свирежи на Камп Ноу, Анхел покажа зошто го бараат за замена на повредениот Дембеле (ВИДЕО)

Барселона со 2-1 триумфираше над Хетафе потешко од планираното па на Камп Ноу имаше свирежи, Анхел покажа зошто го бараат за замена на Осман Дембеле и погоди по само неколку минути по влегувањето во игра.

Шпанија

„Каталонците“ стигнаа до три бода но трепереа за победата и покрај тоа што на полувреме имаа предност од 2-0. Гризман го отвори резултатот на одлична асистенција на Меси, а Серхи Роберто погоди за водство од два гола.

Меси потоа пропушти добра прилика за гол, Гризман исто така не искористи шанса, па Хетафе се врати во игра. Анхел влезе од клупата, реализираше за 2-1 и покажа зошто „каталонците“ го бараат за замена за повредениот Осман Дембеле. За напаѓачот ова беше 9-ти гол како резерва, односно вкупно 14-ти оваа сезона.

Тој можеше да го изненади фаворитот но Тер Штеген со маестрална интервенција спречи изедначување. Во овој период Барса се мачеше, па од трибинтие можеа да се слушнат свирежи.