24фудбал

Клоп навива за Лацио во трката за титулата во Италија, Германецот има посебни причини за тоа

Нема дилеми дека до крајот на „Серија А“ сезонава ќе проследиме интересна трка за титулата во најсилниот фудбалски шампионат на Италија, а за тоа да биде така барем во моментов се погрижи и Лацио.

Италија

Шефот на стручниот штаб на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп го гледа Лацио како нов шампион на „Серија А“, а токму во тимот од Рим гледа тим кој ќе ја сопре долгогодишната доминација на Јувентус во тоа првенство.

Говорејќи во интервју за „Раи Спорт“, германскиот фудбалски стратег беше запрашан за тоа кој ќе го освои Скудетото во конкуренција на Јувентус и Интер, но, ги изостави наведените екипи, па го посочи Лацио.

Јас навивам за Лацио да ја освои титулата, имаме и поранешен фудбалер од Ливерпул во трката за титулата, Лукас Леива“ рече Клоп алудирајќи на 33 годишниот Бразилец со италијански пасош кој синоќа беше дел од победата на Лацио над Интер на домашен терен, меѓутоа, Клоп не го заборави ниту Имобиле, напаѓачот кој игра во врвна форма.

Чиро Имобиле беше исто така мој фудбалер, во составот на Борусија Дортмунд, жал ми е за Маурицио Сари и Антонио Конте, но сметам дека Лацио ќе биде едно големо изненадување, имаат неверојатна сезона“ заклучи Германецот.

Лацио најнапред имаше минимална негатива по првиот дел, за во вториот со пресврт да дојде до големи три бода од дербито со Интер викендов, па со тоа се искачи на второто место на табелата со само еден бод зад лидерот Јувентус (57), а што се однесува пак до Интер, „Нероаѕурите“ (54) сега се на третото место, иако викендот го почна на првото.