24фудбал

Челси ја почна операцијата „Санчо“

Во Челси сигурно имаат големи мотиви за тоа како да настапат во летниот преоден рок, иако веќе ангажираа големо засилување, со оглед на тоа што ќе имаат полна клупска каса за засилувања, Лампард не се откажува од трката за Санчо.

Англија

Челси започна преговори со претставниците на младата ѕвезда од составот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, објави „Франс Фудбал“.

„Сините“ од Лондон веќе го обезбедија потписот на фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Хаим Зијеч во текот на претходната седмица, меѓутоа со него нема да завршат креативните опции на Премиерлигашот за идната сезона.

Потписот на Мароканецот не го сопре Френк Лампард во обидот да дојде и до потписот на 19 годишниот англиски репрезентативец Џејдон Санчо, иако има голема конкуренција за фудбалерот кој сезонава на 20 натпревари постигна 13 погодоци, а зад своето име запиша и 13 асистенции.

Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед исто така имаат пријавено интерес за Санчо, меѓутоа известувањата велат дека Челси во моментов е во пол-позиција во однос на своите ривали од Премиерлигата.

„Франс Фудбал“ тврди дека Борусија Дортмунд би можела да добие понуда за Санчо, онолку вредна со која би можела да постави клупски рекорд во однос на продажбата.

Бундеслигашот претходно го продаде Осман Дембеле во Барселона, во летото 2017. година за 89.5 милиони фунти, а од таму очекуваат Санчо да им ја наполни клупската каса за нешто повеќе од таа сума.