24фудбал

Конте: Лацио доби голем подарок од нас

Искусниот италијански фудбалски стратег не е задоволен од начинот на кој неговите избраници ги примија двата гола кои на крајот беа кобни во исходот на дербито за „Нероаѕурите“.

Италија

Интер имаше минимално водство по првите 45 минути игра на гостувањето кај Лацио во дербито на колото во „Серија А“, и тоа со деби голот на Ешли Јанг во дресот на „Нероаѕурите“, меѓутоа вторите 45 минути игра во Рим беа кобни за составот на  Антонио  Конте, кој не е среќен на начинот на кој неговите избраници примија два гола.

Мислам дека проследивме добри перформанси на теренот, тоа го говори и резултатот, не ми се допадна начинот на кој ги примивме двата погодоци во сопствената мрежа, практично тоа им го подаривме на Лацио“ рече Конте во изјавата за „Скај Спорт Италија“.

Детали одлучуваат на вакви натпревари, а грешките се кобни, сепак, сево ова е дел од процесот на развојот на клубот, момците ќе мораат да бидат многу поопуштени и релаксирани во едни вакви ситуации“ додаде тој.

Како што кажав и претходно, сепак, ова е само дел од процесот на развојот на клубот, и мораме да го поминеме сево ова, мораме да се соочиме со секоја ситуација на тој пат, момците работат напорно и благодарен сум им на тоа, иако загубивме, мораме да бидеме горди на фактот што бевме и на првото место, меѓутоа мораме да се подобруваме од меч во меч за да продолжиме со трката на врвот“ заклучи предводникот на „Нероаѕурите“.

Моментално, Јувентус со 57 бода е лидер во Италија, следат Лацио со 56, односно Интер со 54 бода.