24фудбал

Клатенбург: Мегваер требаше да добие црвен картон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше со 0-2 на гостувањето кај Челси во дербито на 26 коло од Премиерлигата, меѓутоа стрелецот на голот за точка на победата за „Црвените ѓаволи“ можеше да биде исклучен претходно на дербито.

Англија

Доста контроверзна беше ситуацијата кога Хари Мегваер при еден дуел крај аут линијата го удри директно со ѓонот од копачката Мичи Батшуаи меѓу нозете, а оваа ситуација се случи во рамките на 21. минута при резултат 0-0.

Капитенот на Манчестер јунајтед по мечот се правдаше дека тоа било природна реакција од негова страна во пад, очекувајќи тоа да му се случи и на Батшуаи, меѓутоа големи дискусии на Островот донесе конечната одлука по помошта од ВАР технологијата, по која Ентони Тејлор пресече дека нема црвен картон за Мегваер.


Како и да е, поранешниот фудбалски судија во Премиерлигата, Марк Клатенбург, кој сега ја дели правдата на натпревари на Далечниот Исток, во својата анализа за „Дејли Мејл“ јасно стави дознаење дека Тејлор направил голема грешка со својата одлука.

На прв поглед, јас го поддржав Мегваер, помислив дека можеби сето тоа се случи при еден нормален дуел помеѓу нив двајцата за топката“ напиша 44 годишниот Клатенбург.

Меѓутоа, снимката јасно става дознаење дека дефанзивецот на Манчестер јунајтед имаше и втор контакт со Батшуаи кој можеше да го избегне, а поради тоа што го стори требаше да заработи црвен картон“ наведува тој.

ВАР ја прегледа целата ситуација, не се сомневам дека сево ова е една голема грешка на судијата Ентони Тејлор“ заклучи Клатенбург.