24фудбал

Нејмар не е среќен поради една политика во ПСЖ: Ги разбирам стравувањата, но вака не може...

Бразилецот говореше отворено по едно прашање кое веројатно го мачи него, но и неговите соиграчи кои ги спомена во изјавата, дискутабилна беше неговата игра синоќа во Германија, а многумина веруваат дека можеше повеќе од тоа што го прикажа.

Лига на Шампиони

ПСЖ синоќа се „сопна“ кај доста незгодниот и квалитетен состав на Борусија Дортмунд, откако загуби со 2-1 во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, а од пресметката во Германија се постави и една дилема околу играта на Нејмар.

Иако Бразилецот го постигна израмнувачкиот гол за 1-1, сепак јасно беше дека му недостасуваат натпревари, а тоа беше очигледно со оглед на неговиот настап на теренот, тој отсуствуваше цели четири меча во серија, а тврди дека бил подготвен уште за дуелот со Лион на домашен терен во кој ПСЖ славеше со 4-2, потоа следеа уште два меча за тимот од Париз, во кои исто изоставен беше Бразилецот.

Не е ова начинот на кој сакав да бидам тука, немам играно четири натпревари, не ми се допадна тоа што беше побарано од мене, меѓутоа клубот е главен по тоа прашање“ рече Нејмар.

Меѓутоа, сето тоа завршува лошо по мене и моите соиграчи, јас бев повреден, меѓутоа не постоеше никаква пречка да настапам кога бев рехабилитиран, бев подготвен за настап против Лион, меѓутоа тие го одложија моето враќање на терените, а истото се случи и повторно“ додаде Бразилецот.

Ги разбирам стравувањата, со оглед на моите повреди и отсуства изминативе две години, го почитувам сето тоа, меѓутоа не може да биде вака...“ заклучи првата ѕвезда на францускиот првак.

Јасно е дека лидерот во најсилниот француски фудбалски шампионат посебен акцент сезонава ќе треба да стави за некој поголем успех во Лигата на шампионите, а за таа цел потребен е Нејмар секако, па не сакаат да ризикуваат со него на одредени натпревари, политика која на самиот фудбалер очигледно дека воопшто не му се допаѓа.