24фудбал

Добра вест за Гвардиола во пресрет на дуелот со Реал Мадрид во ЛШ

Стерлинг се повреди во дерби пресметката со Тотнем која Манчестер Сити во Премиерлигата ја загуби, а освен неговото враќање, се најавува и уште едно големо враќање од повреда во составот на Пеп Гвардиола.

Англија

Рахем Стерлинг се врати на тренинзите во редовите на англискиот првак Манчестер Сити, со тоа што сепоголеми се шансите англискиот репрезентативец да забележи настап на дуелот со Реал Мадрид идната седмица.

Манчестер Сити немаше среќа во ждрепката, па уште во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе мора да ги одмери силите со „Кралскиот клуб“, а 25 годишниот Стерлинг иако беше под знак прашалник дали ќе се врати до првиот дуел помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, сега се големи шансите да го стори тоа.

Сепак, „Дејли Мејл“ известува дека Стерлинг иако бил дел од тренингот на „Граѓаните“, сепак истиот не го одработил во полно темпо, меѓутоа очекувањата се тоа да се случи до крајот на актуелната седмица.

Тоа што дополнително би го израдувало Пеп Гвардиола е секако и враќањето на Лерој Сане кој отсуствуваше подолг период, очекувањата на Островот се дека Германецот ќе се врати идната седмица.

Веќе е познато дека Манчестер Сити се здоби со двегодишна суспензија во Лигата на шампионите, а нема дилеми дека „Граѓаните“ оваа сезона ќе фрлат сена една карта во тоа натпреварување, а во периодот кој претстои, во само една седмица им претстојат дури три натпревари.

Вечерва на домашен терен играат заостанат меч против Вест Хем во Премиерлигата, за веќе во сабота да гостуваат кај Лестер, а во среда ќе следи и гостувањето кај Реал Мадрид.