24фудбал

Работите не тргнаа на добро во презентацијата на Брејтвајт... (ВИДЕО)

Данецот за момент стана мета на потсмев на социјалните мрежи поради тоа што презентацијата пред медиумите со фудбалската топка во дресот на Барселона не тргна онака како што и самиот посакуваше.

Шпанија

Барселона мораше брзо да реагира поради повредите со кои се здобија Луис Суарез и Осман Дембеле, па така Каталонците ги искористија правилата и побараа дозвола од куќата на фудбалот во Шпанија да купат напаѓач вон преодниот рок.

Клубот од „Камп Ноу“ откако ги исполни административните обврски, потпиша со данскиот напаѓач Мартин Брејтвајт од Леганес за 18 милиони евра, всушност толку изнесуваше откупната клаузула на 28 годишниот фудбалер.               

Брејтвајт потпиша, а на презентацијата пред медиумите сакаше да демонстрира некои фудбалски трикови, тоа не му појде од рака, па поради дел од неговата презентација која репортерите секако ја регистрираа сега е мета на потсмев на социјалните мрежи.

На објава на „ЕСПН“ ќе може да забележите многу смешни коментари, а особено впечаток остава она видео на кое се гледа како првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси е доста тажен во дрес на националниот тим на Аргентина.

Сепак, некои брзо реагираа на видеото објавено на „ЕСПН“, па потсетија на она официјалното, објавено од страна на Барселона, на кое Брејтвајт нема грешка со топката.