24фудбал

Икарди би можел да стави „вето“ за ПСЖ

Аргентинецот има посебна клаузула во својот договор за позајмица со францускиот првак која му овозможува еден посебен третман со кој би можел да издејствува да си замине по крајот на актуелната сезона.

Италија

Мауро Икарди би можел да си замине од составот на ПСЖ, каде игра на позајмица од редовите на Интер, дури и во случај францускиот првак да иницираат на договор со „Нероаѕурите“ на крајот од актуелната сезона.

Аргентинскиот напаѓач се приклучи на ПСЖ во претходниот летен преоден рок, откако стана јасно дека неговите денови во Интер се изброени, досега импресионираше со своите настапи во Франција, постигнувајќи 11 погодоци на 18 натпревари во „Лиг1“.

Според известувањата на „ФКИнтерЊуз“, се вели дека Икарди и неговата сопруга, а воедно и агент, Ванда Нара, биле советувани од посредникот Улисе Савини да додадат една клаузула во договорот за позајмица.

Клаузулата сочинува и согласност од Икарди и Ванда во случај ПСЖ да сака да ја искористи опцијата да го откупи договорот на Аргентинецот со Интер, што отвора голема можност тој на крајот да не остане ниту во ПСЖ.

Се наведува дека посочениот Савини истото го сторил и со Мохамед Салах во периодот кога Египјанецот настапуваше во Фиорентина на позајмица од Челси во 2015. година, тогаш Салах беше против одлуката на Фиорентина да го откупи неговиот договор со Премиерлигашот, па потоа следеше и трансфер на фудбалерот во Рома.

Се верува дека ПСЖ има опција да го откупи договорот на Икарди за сума околу 65-70 милиони евра.