24фудбал

Челси го доби лондонското дерби против Тотнем, Мурињо му станува „пациент“ на Лампард (ВИДЕО)

Челси со 2-1 го победи Тотнем во големото дерби, Френк Лампард по трет пат се радува на триумф над неговиот учител Жозе Мурињо.

Англија

Челси со победа над директниот ривал за топ 4, Тотнем се рехабилитира по кризниот период, и овој натпревар не помина без ВАР контроверзија.

Френк Лампард веќе има три победи од три соочувања со Жозе Мурињо како тренер.

Првата шанса ја имаше гостинскиот тим, Лукас биеше од далечина но Кабаљеро одлично го одбрани неговиот удар. Потоа следуваше доминација на Челси.

Оливие Жиру во 15. минута постигна гол за водство на Челси од 1-0.

По три минути игра во второто полувреме веќе беше 2-0, Маркос Алонсо постигна погодок и ја зголеми предноста на Челси на 2-0.

Пет минути подоцна Тотнем требаше да остане и со фудбалер помалку, несфатливо беше како Ло Селсо не доби црвен картон откако стартуваше со отворен ѓон врз ногата на Аспиликуета. Слична ситуација како на дуелот со Јунајтед кога Мегваер требаше да биде исклучен.

Во 89. минута Рудигер си постигна автогол и го намали водството на Челси на 2-1 и донесе возбудливи минути кои сепак не го променија резултатот.

Сега по 27 одиграни натпревари Челси има четири бода повеќе од Тотнем кој остана на петтото место но може да биде поминат од Шефилд јунајтед и Манчестер јунајтед.