24фудбал

Ливерпул не знае за доста, го победи Вест Хем и израмни два рекорди (ВИДЕО)

Ливерпул со пресврт дојде до победа од 3-2 против Вест Хем и ја забележа 26. победа во 27. коло од Премиерлигата, притоа израмни и два рекорди.

Англија

Ливерпул победи на последните 18 натпревари од Премиерлигата со што го израмни рекордот на Манчестер Сити за најмногу победи во серија во најдобрата англиска лига. Тој рекорд е направен од август до декември 2017.

Тие победија на последните 21 натпревар од Премиерлигата на домашен терен со што го израмнија рекордот од 1972 година кој го држеа тие за најмногу победи во серија во најдобрата англиска лига.

На денешниот натпревар Ливерпул почна одлично, поведе со гол на Вајналдум уште во деветата минута, но само три минути подоцна Диоп го изедначи резултатот.

Во деветата минута од второто полувреме Форналс погоди за комплетен пресврт и водство на Вест Хем од 2-1.

Ливерпул вршеше голем притисок кој резултираше со гол на Салах во 68. минута за израмнување на 2-2.

Во 81. минута Мане постигна гол за 3-2 и тоа беше конечниот резултат за нова победа на Ливерпул.