24фудбал

Инсиње му се заблагодари на Меси за дресот и порача: Ни остана горчина во уститe... можевме да победиме

Лоренцо Инсиње вели дека му е чест што го разменил дресот со Лео Меси и додава дека им останало горчина во устите по ремито со Барселона бидејќи имале шанси да победат.

Лига на Шампиони

Наполи одигра 1-1 против Барса на Сан Паоло. Мертенс ги донесе домаќините во водство а Гризман изедначи. „Наполитанците“ имаа уште две добри прилики да го совладаат противникот, но Тер Штеген одбрани.

„Уште пред почетокот на мечот го прашав Лео Меси дали може да ги размениме дресовите, чест ми е што го добив неговиот дрес, сакам да му се заблагодарам“ – вели капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

„Резултатот ни остава горчина во устите, бевме рамноправни, се жртвувавме... Емоциите беа огромни, за прв пат игравме против Барселона и Лео Меси. Жалам што заврши нерешено, можевме да победиме“.